Дел од учениците на економските паралелки на Гимназијата „Свети Климент Охридски“ од Охрид, наскоро ќе одат на студиско патување во Хрватска, со цел да ги посетат реномираните компании „Краш“ во Загреб и „Виндија“ во Вараждин.
Оваа посета е во корелација со наставната програма и тематските содржини по предметот „Практична настава“, како и предметите „Бизнис“, „Менаџмент“ и „Економија“ и ќе биде организирана под менторство на Горан Попоски, професор по економска група на предмети.
-Ваквите училишни активности им овозможуваат на учениците да се запознаат со работењето на реномирани и успешни компании, а овозможуваат и практично запознавање на учениците со бизнисот и менаџирањето. Исто така со ваквите студиски престои, учениците дополнително се подготвуваат да бидат што поконкурентни на идниот пазар на труд, велат од Гимназијата „Свети Климент Охридски“.
Патувањето во Хрватска ќе биде искористено и за посета и разгледување на културно-историските споменици од поблиското и подалечно минато на оваа земја и нејзините природни богатства.
OhridNews