На регионалниот натпревар по математика и физика, кој деновиве, се одржа во ПСУ ,,Јахја Кемал“- во Струга, првото место го освои ученичката Адамова Афродита, која доби парична награда од 5000 ден., како и бесплатна стипендија за сите четири години од школувањето во училиштето. Ментори на ученичката се наставничките Силвана Крстеска-физика и Елизабета Великоска-математика.

Уште двајца ученици од истото училиште постигнаа значајни резултати на натпреварот.

Ученичката Љубица Илиќ, беше петторангирана и доби право на 50% ослободување од партиципација за школување. Дванаесетто место и директно запишување во средното училиште, освои ученикот Климент Младеноски.

– За пофалба е тоа што тројца ученици од вкупно петте кои учествуваа на натпреварот постигнаа одлични резултати и се рангираа меѓу првите 25 места, од вкупно 205 учесници, потенцираат од охридското основно училиште.

На натпеварот учествуваа ученици од осмите одделенија од основните училишта од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца, Дебар, центар Жупа, Ресен, Кичево, Другово и Зајас.

OhridNews