Предводени од менторот, наставничката Силвана Крстеска, учениците Климент Младеноски и Љубица Илиќ освоја први награди, трета награда ученикот Георги Ставрески и пофалба доби ученичката Афродита Адамова.
Според бројот на освоени поени охридските основци од „Кочо Рацин“ обезбедија пласман за учество на државниот натпревар по физика кој ќе се одржи на 18- ти мај во Скопје.
Инаку, на неодамна одржаниот регионален натпревар по математика, ученичката Љубица Илиќ под менторство на наставничката Крстеска, беше прворангирана и се пласира на државниот натпревар по математика кој ќе се одржи на 11- ти мај.