По повод 110-годишнината од смртта на Гоце Делчев, четири дена порано во основното училиште „Ванчо Николески“, некогаш „Гоце Делчев“, во Косел, беше одбележан  4-ти мај, денот кога е убиен големиот македонски револуционер.

По тој повод, учениците од ова училиште, со соодветни литературно-ликовни и рецитаторски настапи, го одбележаа  овој настан од македонската историја.

Инаку, вчерашната приредба е само почеток на свечености во ова училиште,
кое пред десетина години го носеше името на македонскиот револуционер.

 

Во тек се подготовките за традиционалната „Велигденска изложба“, односно
за патронатот 10-ти мај, кога со бројни музичко-сценски точки ќе се
честува името на основоположникот на македонската литература за деца,
Ванчо Николески.

OhridNews

Фото: Дим Дон