На третиот меѓународен натпревар “Охрид те сакам”, учениците од ОМУ „ Методи Патче“ освоија бројни значајни награди. Меѓу наградените ученици се:Марија Џуклеска- виолина прва награда (проф. Елица Џуклеска), Андреј Наумоски-виолина прва награда (проф. Елица Џуклеска),Трио флејти:Ана Бошалеска,Стефани Велјаноска и Анастасија Мојсовска – втора награда (проф. Нина Момировска).
Добитник на специјална награда и лауреат на натпреварот „Охрид те сакам 2015“ освојувајќи ја најпрестижната награда –солистички концерт во Рим е Даниел Мојсоски ученик во средното музичко училиште Тодор Скалоски-Тетоец Струга под менторство на проф.Елица Џуклеска.
Младите таленти од ОМУ „Методи Патче“ со бројни награди се вратија и од фестивалот на млади музички и балетски таленти што се одржа во Скопје. Првонаградени беа Марија Џуклеска- виолина (проф. Елица Џуклеска),Андреј Наумоски-виолина (проф. Елица Џуклеска), Трио флејти – Ана Бошалеска,Стефани Велјаноска и Анастасија Мојсовска (проф. Нина Момировска).
OhridNews