Ладното време и снегот не ги предомислија професорите и  учениците од ОСУ Св. Климент Охридски- Охрид, да се вклучат во прославата по повод Патронатот на оригинален начин, односно да возат велосипед и да бидат хумани.


Активноста под мотото:  Со велосипед до похуман свет ,во организација на Училиштето, ја  поддржа  249 хумани луѓе (ученици, професори како и други граѓани на Охрид, кои присуствуваа на настанот), а во возењето се вклучија околу 80 учесници.


Организацијата беше помогната од охридската полиција, Црвен крст-Охрид, Велосипедските клубови Екодром и З’ш Точак.


Идејата за еден ваков настан беше прифатена со големо задоволство , и целта да се одбележи и прослави празникот, да се промовира спортско-рекреативниот начин на живот и да се поттикне хуманоста беше во целост исполнета.


Донираните  средствата, ќе бидат наменети за потребното лекување на  ученик од ОСУ Св.Климент Охридски. Благодарност до Директотот, колегите и до сите ученици кои дадоа искрена поддршка за настанот.

Ohridnews