Деновиве во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и УСАИД, учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, ја возвратија посетата на учениците од ОСУ „д-р Ибрахим Темо“ од Струга.

При посетата бил одржан отворен час на тема „Ние и космосот“, кој го подготвиле учениците од Охрид. На отворениот час, преку презентација изработена од страна на учениците, биле прикажани научни факти и теории, кои ги поврзуваат математиката, физиката и географијата во една од најстарите науки – астрономија.

При посетата на Струга учениците биле и во Природно – научниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ каде што имале можност да го разгледаат биодиверзитетот кој што некогаш и сега постои во Охридско-струшкиот регион.

Посетата била заокружена со прошетка по кејот на Црн Дрим.

OhridNews