Оваа година, ОУ „Братство Единство“ од Охрид продолжи да ги освојува наградите на Државните натпревари по историја.

На Државниот натпревар во конкуренција од 110 ученици, седмоодделенецот Давид Милошески го освои второто место со освоени 102 бода, под менторство на професор Јоце Црвенкоски.

Како што изјави Црвенкоски, учениците се натпреварувале на темите „Македонија во стариот век“, „Македонија во развиениот и доцен среден век“, „110 години од Смилевскиот конгрес, Илинденското востание и Крушевската Република“, „Основање на гемиџискиот кружок-Солунските атентатори“, „100 години од Втората Балканска војна и Букурешкиот мировен договор“, „70 години од Втората светска војна“, „НОБ во Македонија во 1943“ и „Настани поврзани со 100 години од создавањето на Албанската држава“.

Инаку, ученикот Давид Милошески беше најмлад учесник на Државниот натпревар по историја.

OhridNews