По повод Денот на жената- 8 Март, група талентирани ученици од трите наставни јазици од ОУ „Братство Единство “ под раководство на Тимот за работа со надарени ученици, реализираа серија работилници, во чии рамки се изработуваа цвеќиња од различни материјали.
– На овој начин се поттикнува и развива креативноста, чувството за естетика и меѓусебна толеранција меѓу учениците како и развивање на претприемнички способности, велат од училиштето.
Изработените цвеќиња беа наменети за продажна изложба, која се реализира во училиштето. Собраните средства ќе се искористат за уредување на училишниот хол.
OhridNews