Учениците од ОУ „Дебрца“ викендов беа во посета на Скопје, каде имаа можност да видат како работи македонското Собрание и Македонската радио телевизија МРТ.

Во Собранието учениците се запознаа со историјатот, значењето и работата на највисокиот законодавен дом во земјата. Учениците беа пречекани од вработени во Собранието, кои трпеливо одговараа на прашањата од заинтересираните дечиња за пратеничкиот состав,  работата на Претседателот на собранието, изгледот и уметничките експонати. Учениците имаа можност да го проследат и поставувањето на новото знаме пред Собранието во присуство на Националната гарда и изведба на националната химна.

Учениците ја продолжија својата обиколка со посета на МРТ каде во рамките на училишниот проектот „Медиумска писменост“ и предметот Македонски јазик,  кој задолжителено се изучува медиумската култура. Децата  беа запознаени со начинот на работа на јавниот информативен сервис. Со посебен интерес се следеше предавањето од страна на вработените за снимањето емисии, покриеноста со информации од целиот свет, презентирањето на програми во живо и на снимени програми. Учениците имаа и средба со вработените лектори и со познати презентери на Дневникот на МТВ.

Престојот во Скопје беше искористен и за посета на Зоолошката градина.

OhridNews