Денеска тимот на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ беше во посета на ОУ „Григор Прличев“ како дел од „Читачкиот караван“, каде оддржа заеднички активности со најмладите ученици.

Во активностите насловени како „Читањето и математиката се забавни“, беа вклучени и родителите, кои на овој начин беа директни сведоци на важноста на читањето и математиката за развојот на нивните деца.

„Тие увидоа колку е важна и атмосферата и начинот на кој им се презентираат информациите на учениците. Техниките кои се демонстрираа беа забавни, интересни за сите кои беа присутни. Вниманието со кое учениците ја следеа оваа активност беше на високо ниво и кај нив поттикна ентузијазам и желба да читаат и пишуваат со љубов.“ – велат од ОУ „Григор Прличев“.

Инаку, „Читачкиот караван“ и „Читањето и математиката се забавни“ се дел од активностите кои Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој се спроведува  во одбрани основни училишта.

Целта е да се претстави забавен начин на изучување на македонскиот јазик и математика, да ги вклучи семејствата на учениците и целата заедница за да се изгради култура на читање и да се подигне свеста на јавноста за важноста на описменувањето.
    
Овој проект го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „ Чекор по чекор“ -Македонија во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар.

OhridNews