Учениците од основното училиште „ Григор Прличев“, деновиве, имаа можност да се запознаат со професијата полицаец. Во посета на нивното училиште беа м-р Благоја Стевоски од СВР Охрид и реонскиот полицаец Сашо Дончевски кои на учениците им открија поединости околу нивната професија, но ги упатија и за начините на кои можат да се заштитат.

Безбедноста дома, на училиште, на улица… Како безбедно да го користат интернетот, како да се однесуваат на телефон со непознати, безбедност од  дрога, пиротехника. Учениците беа советувани и за појавата на вандализам ( насилство), како и насилството меѓу врсниците.

OhridNews