Учениците од ОУ„Григор Прличев” и ОУ„Братство Единство“ одржаа заеднички час на македонски и турски јазик, во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализира со основно училиште „Братство Единство.“
-Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, се овозможува организација на заеднички активности и создавање услови со цел учениците да развиваат нови идеи и иницијативи за зајакнување на меѓуетничката соработка, информираат од училиштата.
Ученичките активности од овој проект завршија со заеднички појадок со познатиот, охридски ѓеврек од „Жито леб“.
Инаку, целта на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки.
OhridNews