Охридските основношколци, денеска на креативен начин го одбележаа Денот на планетата Земја. Преку многубројните изработки направени од рециклирачки материјали, пластика и хартија, учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид ги пренесоа своите еко пораки.
„Денес спроведуваме акција, а учениците од предметна и одделенска настава израбтија свои креации кои ги има на нашите штандови. Исто така, преку модната ревија на која дечината излегоа со свои креации и еко пароли, се цели кон подигнување на еколошката свест и поголема едукација на младите во однос на екологијата.“ – вели Анастасија Настеска, психолог во ОУ „Григор Прличев“ Охрид.
Од оваа образовна установа, велат дека веќе две години се вклучени во еколошката едукација на учениците, а училиштето аплицирало за сертификат на меѓународно ниво во соработка со ОХО.
„Покрај тоа што денес го оддбележуваме Денот на планетата Земја, ние како училиште сме вклучени во програмата за еколошка едукација, која има за цел да ја подигне еколшката свест на учениците во сите средни и основни уичилишта, односно градинките.“ – додава Настеска.
Инаку, Денот на планетата Земја се одбележа во сите основни училишта во општина Охрид, а учениците на различни начини ги пренесоа своите еколошки пораки.
О.Т.