Учениците од VI, VII и VIII одделение при ОУ „Григор Прличев“ во текот на вчерашниот ден имаа можност да слушнат предавање за Охридското Езеро.

Предавачите Дејан Пановски, Радован Димитриески и Трајче Талески, ги едуцираа учениците за рибниот фонд, животната средина и вредностите на овој езерски базен.

-Предавањето беше проследено од учениците со големо внимание и интерес. А доколку се тргне од фактот дека нашето езеро е едно од најстарите, најсочуваните и најчистите езера во светот, тогаш сме должни и да придонесеме такво и да остане. Беа претставени ендемските видови, како и  вредностите на езерото како туристичка дестинација, информираа од училиштето.

Во рамки на предавањето учениците добија и брошури за да се поттикнат дополнително да истражуваат и да го запознаат ова наше огромно природно богатство.

OhridNews