На Регионалниот натпревар по англиски јазик кој се одржа викендов, организиран од страна на Петта приватна гимназија-  Струга, учениците од основното училиште „Христо Узунов“ повторно меѓу првонаградените.

Првото место го делат: Сара Петреска од ОУ „Христо Узунов“ под менторство на професорката Марија Мостро и Леонард Марох од битолското ОУ „ Даме Груев“.


Второто место го освои уште еден ученик од ОУ „Христо Узунов“, Ѓорѓи Ристески, ментор професор Марија Мостро.

Третото место го делат: Трим Биба од ОУ „Братсво и единство“ – Охрид, ментор професор Осман Османи, Дијана Најдевска  од истото училиште под менторство на професор Емилија Паункоска и Кирјан Димовски од ОУ „Даме Груев“ – Битола.


На регионалниот натпревар по англиски јазик учествуваа вкупно 123 ученика од регионот.

Т.К.