Во рамките на наставната програма за четврто одделение по предметот „Општество“, денес во посета на Охридската локалната самоуправа беа учениците од ОУ „Христо Узунов“.

 За функционирањето, организацијата и овластувањата на општинската администрација, пред учениците зборуваа секретарот Димитар Спасески и советникот Ангел Јанев.

Учениците имаа можност да се запознаат и со работата на Секторот за образование и Одделението за односи со јавност.

OhridNews