Учениците од трето одделение при основното училиште ОУ,,Св. Климент Охридскижж-Охрид, во текот на вчерашниот ден ја посетија Националната установа – библиотека ,,Григор Прличевжж, со цел да се запознаат со постоењето и значењето на оваа институција и воедно да се поттикнат на читање и љубов кон пишаниот збор.

„Основците“ беа запознаени со податоци за оваа стара и богата  библиотека,  а истовремено беа  разгледани полиците со разновидни книги, од писатели од целиот свет.

Исто така, учениците беа известени како се станува член на градската библиотека, односно како се одвива принципот на изнајмување книги.

Инаку, одделенски раководители на ОУ „Св. Климент Охридски“ беа В. Кузманоска и В. Илиевска.

OhridNews