Со учење на основните чекори на програмирање, учениците од третите одделенија од ОУ„Кочо Рацин“ Охрид, активно се вклучија во Неделата на програмирање која се одбележуваше од 7-ми до 13-ти декември.
Тие го користеле Minecraft Hour of Code туторијалот кој има за цел да поттикне милиони млади луѓе да се вклучат на час со кодирање. Овој туторијал ги воведува учесниците во основите на програмирањето преку забавни и веќе познати активности.
-Технологијата стана интегрален дел од секојдневието на луѓето, при што се зголемува интересот на учениците, родителите, наставниците, владините и невладините организации, младите не само да учат како да користат технологија, туку креирајќи со помош на технологијата да станат иноватори и движечка сила на развојот и можностите во своите средини, вели Виолета Петкоска, менторот на активностите за програмирање.
Таа објаснува дека изучувањето на програмирањето и кодирањето помага при развивање на вештините за критичко мислење и решавање проблемски ситуации со што се зајакнуваат способностите за вклучување на пазарот на трудот.
OhridNews