Учениците од посебните и редовните паралелки на ОУ „Св. Климент Охридски“ учествуваа на Националниот фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА-Театар без дискриминација 2015″ кој се одржува во Драмскиот театар во Скопје.

-Нашето училиште се претстави со „Легенда за Охрид“ и покажа дека во уметноста нема граници, нема бариери зошто сите ученици на сцената имаа иста задача – различноста не спојува во еднаквост пред публиката. А токму и карактерот на овој фестивал ја имаше задачата да покаже дека сите ние живееме под исто сонце без дискриминација на лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење, информираше Јордан Пуроски, директор на училиштето „Св. Климент Охридски“.

Фестивалот „ИГРИ БЕЗ МАСКА“ кој завршува денес, се одржува за прв пат и има натпреварувачки карактер. На фестивалот учествуваат групи од цела Македонија, а најдобрите три претстави во април 2016 година ќе се претстават во Македонскиот Народен Театар и ќе продолжат да се натпреваруваат на национално ниво.

OhridNews