Учениците од ОУ “Св. Климент Охридски” и оваа година наградени на едукативната манифестација „Месец на науката“. На натпреварот ученичката Симона Симоновска од 6-то одделение, за својот експеримент “Преку игра до наука ” освои второ место со што го потврди континуираниот успех на училиштето по предметот Природни науки под менторство на предметниот наставник Галина Малезаноска, информираат од ОУ „Св. Климент Охридски“.
Инаку, на манифестацијата покрај наградената Симона Симоновска, учество зедоа Ева Тасевска, Анастасија Василевска и Христијан Велјанов, сите ученици од шестот одделение.
OhridNews












