По повод Светскиот ден на штедење, учениците од основното училиште „Св. Наум Охридски“ од Пештани, ја посетија Народната Банка на Република Македонија во Скопје.
Вработените од НБРМ на учениците им покажаа дел од нивната работа, што вклучуваше: предавања, посета на Ковачницата и Музејот на Народната Банка.
– Децата научија многу за штедењето, се запознаа со историјата на македонските пари, а и со начинот на кој се коваат модерните денарски монети. Од друга страна, учениците изработија повеќе убави литературни и ликовни творби, кои ги предадоа во банката, со тоа учествувајќи во конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето, информираат од училиштето.
Научно-образовната екскурзија учениците ја завршија со посета на Зоолошката градина во Скопје, каде научија многу за богатиот животински свет кој таму е изложен.
OhridNews















