По повод 21 март – Денот на еколошката акција на младите Р.М. и Денот на поезијата, ОУТУ „Ванчо Питошески“, организира низа активности за учениците и вработените.

Дел од нив беа расчистување на дворот околу училиштето, уредување на училниците и кабинетите, засадување садници со рози и читање ученички трудови од новинакрската секција на теми поврзани со екологија.

Покрај разубавувањето на училишниот двор, акцијата имаше и еколошко значење, бидејќи розите се познати по нивната карактеристика за извлекување на тешките метали од почвата. Сите овие активности  имаа за цел поттикнување еколошка и естетска свест кај  младите, велат од училиштето.

OhridNews