Училишниот проект „3Д ЕКОБУС“ на ЕКО караванот на „Пакомак“, деновиве ги посети учениците од прво до петто одделение во ОУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани.
-Во автобусот, кој бил стациониран во близина на училиштето, учениците околу еден час се дружеа со познатиот водител Ивце Пивце. Тој на многу забавен начин ги запозна учениците со задачите и целта на овој ЕКО караван, а воедно и ги едуцираше учениците како треба да се грижат и како да ја зачуваат природата чиста, кој отпад може да се рециклира и како треба да го селектираат отпадот. Во ЕКО автобусот беше организирана 40-минутна 3Д инерактивна обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест за учениците, информираа од училиштето.
Оттаму се надеваат дека и во иднина повторно ќе имаат успешна соработка со оваа и слични организации за едуцирање на учениците.
OhridNews