Во рамките на проектот „ Градиме мостови“ , учениците од подрачното училиште од село Требеништа заедно со директорот и наставничките реализатори на проектот , беа во посета на албанската паралелка во селото Горенци.
Учениците од село Горенци ги пречекаа во нивни народни носии со подготвена пригодна програма на албански јазик. Им подарија срце изработено од хартија , на кое беа испишани зборови на двата јазици. Учениците другаруваа и меѓусебно се запознаваа со албанската и македонска традиција.
Присутни беа и родителите кои за средбата имаа подготвено традиционално благо.
OhridNews