Под мотото „Од децата за децата“ во средното училиште „Ванчо Питошески“ се спроведе хуманитарна акција за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во општина Охрид. Со тоа училиштето се приклучи кон одбележувањето на Неделата на борб апротив гладта“.

– Целта беше да ја поттикнеме хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани и деца кои живеат во тешки социо-економски услови и секојдневно имаат проблеми како да се прехранат. Невидливи, стопени од сиромаштија стотина, илјада луѓе не знаат дали денес ќе јадат. Тажно е што деца, пензионери, напуштени и осамени денеска во Македонија ќе немаат ниту еден оброк, а зборот глад се почесто се слуша во јавноста. Стотици граѓани со години имаат само еден топол оброк во народните кујни, велат од училиштето.

Се донираше храна и производи за лична хигиена, кои со помош на општинскиот Црвен крст ќе бидат доставени до граѓаните на кои им е потребна помошта.