На средбите имаше над стотина учесници од сите поранешни југословенски републики: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Охридските ученици имаа можност да ги покажат своите вештини во три дисциплини- готварство, послужување и претставување на својот град како туристичка дестинација.
– Во сите три дисциплини освоивме сребрени медалји. Задоволен сум од постигнатите резултати, од нашите ученици и менторите. Морам да нагласам дека сум убеден дека го заслуживме и златото со оглед на сработеното од наша страна и од конкуренцијата. Сите беа воодушевени од подготвените јадења од нашите ученици, вели директорот на ОУТУ „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски.
На гастрономските средби во Словенија, учествуваа девет ученици од Охрид, под менторство на професорите Сузана Велјаноска, Зоран Нанески и Блаже Јорданоски.