Учениците од охридското средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ уште еднаш докажаа дека се меѓу најдобрите. Од неодамна одржаниот државен натпревар
Во Гевгелија, „Лидер на струка“ 2017 година за угостителско-туристичката струка, се вратија со бројни освоени високи награди.
Ученикот Милан Михов под менторство на проф.Марија Ристеска го освои првото место и титулата лидер на струка. Ученичката Анастасија Чутрова го освои второто место, Стефан Тодев третото место (ментор проф. Блаже Јорданоски). Ученикот Кристијан Китанов го освои второто место (ментор проф. Војо Ангеловски), а ученичката Дајана Силјаноска го освои четвртото место (ментор проф. Горги Богоевски).
Натпреварот се одржа во организација на Министерството за образование, Центарот за стручно образование и обука и училиштето-домаќин. Се натпреваруваа ученици од угостителско-туристичката струка од образовните профили: хотелско-туристички техничар, угостителски техничар, готвач, келнер и слаткар.
На натпреварот учествуваат вкупно седум училишта од Македонија.
OhridNews
















