Учениците од трета година при ОУТУ „Ванчо Питошески“ од  Охрид деновиве беа дел од едукативното предавање на тема „Општо запознавање со Даночниот систем на Република Македонија“.  Предавањето се реализираше  во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“ кој го организираат Управата за јавни приходи и Министерството за образование и наука.

-Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Преку практичните искуства пренесени од страна на даночните експерти, учениците одблиску се запозна со:Какви видови даноци постојат?; Зошто УЈП ги собира даноците?; Каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас и Како и каде се плаќа данокот?, информираат од училиштето.

Целта на проектото е средношколците да станат социјално – свесни и совесни даночни обврзници.

OhridNews