Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, денес го посети селото Волино каде што со поддршка на министерството за образование и наука, се врши изградба на ново, монтажно училиште.

Училиштето ќе има две училници, санитарни јазли и просторија за наставниците.

– Станува збор за реализација на едно од дадените предизборни ветувања на градоначалникот со што учениците ќе добијат квалитетни услови за извршување на образовниот процес, потенцираат од кабинетот на градоначалникот Трајкоски.

OhridNews