Во рамките на своите редовни планирани програмски активности, општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) на општина Охрид, денес го организира и спроведе општинскиот годишен натпревар „Детски семафор 2013“.
На натпреварот учестуваа 24 ученици од основните училишта „Св. Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „Живко Чинго“ и „Братство – Единство“, при што се постигнати следните резултати:
Во екипен пласман:
Прво место – екипата на ОУ „Кочо Рацин“
Второ место – екипата на ОУ „Живко Чинго“
Трето место – екипата на ОУ „Братство Единство“
Во поединечен пласман, женска конкуренција:
Прво место – Каролина Ѓореска, ОУ „Кочо Рацин“
Второ место – Јована Јоноска, ОУ „Живко Чинго“
Трето место – Марија Јолеска, ОУ „Кочо Рацин“
Во поединечен пласман, машка конкуренција:
Прво место – Михајло Стефаноски, ОУ „Живко Чинго“
Второ место – Петар Вељаноски, ОУ „Кочо Рацин“
Трето место – Јован Плевнароски, ОУ „Живко Чинго“
Организаторот на општинскиот натпревар обезбеди признанија за сите учесници во натпреварот. Трите првопласирани екипи освоија пехари за прво, второ и трето место во екипна конкуренција. Во поединечна конкуренција, првопласираните ученици освоија велосипеди, второпласираните освоија МП3 плеери, а третопласираните ученици освоија заштитни кациги. Со заштитна кацига беше награден и најмладиот учесник на денешниот натпревар, Кристина Јованоска од 5-то одделение од ОУ „Живко Чинго“.
Инаку, ОСБСП изрази жалење поради несериозноста, несовесноста и неодговорноста на одговорните наставници од некои основни училишта, што поради само ним јасни причини, не ја прифатија поканата за учество на овогодишниот општински натпревар, на штета на учениците од нивните училишта.
OhridNews