Учениците се едуцираа за превенција од насилство во врска
17.04.14 10:59
Во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, во соработка со Младинскиот совет од Охрид како дел од програмата „Здравство и превенција“, се одржа работилница на тема „Превенција од насилно однесување во врска“. Во рамки на работилницата учениците имаа можност да се стекнат со теоретски знаења од областа на насилството во врска и последиците од оваа негативна појава, насилни партнерски врски, дискриминација и родови предрасуди и нивните ефекти, како и начини за развивање и планирање на идеи за иницијативи за подигнување на свеста за препознавање на различните облици на насилството и негово бесконфликтно разрешување.
Знаењата стекнати за време на работилницата и презентирањето на идеите од самите ученици ќе се искористат како препораки за развој на модели на добра практика во локалната заедница, како и активности на јавно заговарање и освестување за важноста од превенцијата на насилството во семејните, пријателските и партнерските врски.
Во иднина училиштето ќе продолжи со организирање на едукативни трибини, тркалезни маси, работилници, дебати за млади преку кои кај учениците ќе се подигнува општата свест во насока на воспитно-образовниот процес.
Советот на Општина Охрид ја одржа втората седница Советниците гласаа по 11 точки од Дневниот ред кои се однесуваа на решенија за формирање на општинските комисии Дневниот ред беше дополнет со две т...
Охрид на мапата од големата балканска турнеја на првонаградени автори и поетски збирки во организација на Хрватското книжевно друштво Настанот ќе се одржи во петок, 14 ноември, со почеток во НУ Биб...
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец Во Охрид времето денес с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.