На 12.07.2021 година во СВР Охрид, 45-годишна жена пријавила дека за време на протестот на Здружението на граѓани „Оревче“ од селото Пештани, одржан на 11.07.2021 година кај автокампот „Градиште“, била физички нападната од две лица.

Според тврдењата на жената, инцидентот се случил кога учесници на контрапротестот што се одвивал во исто време на истото место, се обиделе да ги отстранат транстарентите и учесниците на протсетот организиран од Здружението „Оревче“, од пред влезот на авто кампот Градиште. При тоа таа се здобила со скршеница на раката констатирана во болницата Св. Еразмо.

Претрпев огромен стрес. Следи соодветна пријава за тепачите и организаторите на контрапротестот, како и за корисникот кој моментално стопанисува со кампот. – најави повредената учесничка на протестот.

СВР Охрид информира дека работи на расчистување на случајот по што ќе поднесе соодветна пријава.

Здружението на граѓани „Оревче“ од селото Пештани, ги интензивира протестите пред авто кампот Градиште со барање на наследниците да им се врати национализираниот имот или тие праведно да се обештетат. Се работи за атрактивен имот вреден десетици милиони евра, а процесот трае веќе 21 година.

Концесионерот на авто кампотпретходно соопшти дека нема никаква врска со правниот процес, дека има уреден договор за закуп и дека ќе ги заштити сопствените интереси, бидејќи со протестите му се нанесува штета.

OhridNews