Учесниците на контрапротестот непријателски кон новинарите
12.05.12 15:13
Група од близу 200 демонстранти коишто денеска во Скопје организираа контрапротести на протестот од вчера искажаа голема нетрпеливост кон припадниците на новинарските екипи, одбивајќи да дадат каква и да е изјава.
Покрај тоа, дел од демонстрантите се обидоа да нападнат снимател и една новинарка, а упатуваа вулгарни и навредливи зборови кон новинарските екипи. Припадниците на полицијата откако забележаа дека може да дојде до инцидент меѓу демонстрантите и новинарските екипи, одлучи да ги повлече репортерите на извесно растојание од местото каде се одржуваше протестот пред Владата, јави репортерот на Макфакс.
Најголем дел од новинарските екипи откако беа попречен да ја извршуваат својата професионална обврска и немаа можност да земат изјава, одлучија солидарно да се повлечат од настанот.
Учесниците на протестите во кои најголем дел беа малолетни лица, носеа македонски знамиња и извикува пароли како „шиптарска полиција“ и ги пееја песните „Едно име имаме“ и „А, бре Македонче“.
И зад овој протест, како и зад петочниот, како организатор не се јави ниту една организација или здружение, туку беше организиран преку социјалните мрежи.
Вчера, веќе вторпат, по петочната молитва во скопската џамија Јаја паша, неколку илјади лица протестираа пред Основен суд 1Скопје, пред Владата, седиштето на партијата ДУИ и пред зградата на Општина Чаир, против, според нив, монтираниот процес против осомничените за петкратното убиство кај Смилковското езеро крај Скопје.
Притоа беа искршени прозорци на општината Чаир и на зградата на Владата, а во инцидентите предизвикани потоа повредени се сниматели од телевизиите „Телма“ и „Сител“ и шест припадници на полицијата.
Во насока на развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост во економските процеси, Општина Охрид успешно ја реализираше oбуката за поддршка на жени претприемачи, согласно објаве...
Mеморандум за пријателство и соработка потпишаа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на хрватскиот град Пула, Филип Зоричиќ, денеска во Пула Со меморандумот, како што и...
Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.