Со почетниот удар кој го изведе градоначалникот на Охрид, Александар Петрески започнаа натпреварите во Училишната лига во мал фудбал. Деветте основни училишта  во систем “секој со секого“ во наредните два месеци ќе се надигруваат на “паркетот“ во спортската сала “Билјанини Извори“.


–    Го отворивме турнирот во мал фудбал кој традиоционално се одржува секоја година меѓу ученици од основните училишта. Покрај турнирот во фудбал во наредниот период  турнирски ќе се играат вакви мечеви во одбојка, пинг понг, а ќе има и натпревар во атлетика. Целта ние желбата за спорт да ја вклучиме уште од најмалата возраст кај децата и ваквите турнири да бидат расадник за охридските клубови во иднина – рече градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Турнирот кој се игра под покровителство на локалната самоуправа во соработка со Сојузот на училишен спорт за цел има да го развие масовниот спорт .

–    Покрај одличната соработка која локалната ја има со Сојузот за училишен спорт, мора да ја напоменам и соработката со ЈП Билјанини Извори која е исто така на високо нив. Со ваквите турнири целта е развој на масовниот спорт кој ќе биде база за развојот и на професионалниот спорт – потенцираше Петрески.


Со овој турнир ќе бидат опфатени деца на ворзаст до 12 години од основните училишта во Охрид и околината.

–    Мечевите ќе се играат во “среда-сабота“ систем и отприлика се до крајот на учебната година – рече координаторот на проектот Јоне Станковски.

Ohridnews