Сите училишта на подрачјето на Општина Охрид и објектите на градинката се подготвени за грејната сезона и од општинскиот буџет се обезбедени потребните средства за огрев, информираат од Општина Охрид.

Минатата година Општина Охрид за првпат изработи енергетски сертификати за објектите на образовните институции, детската градинка и општинската зграда кои се во нејзина надлежност. Овa е многу значаен процес при што од добиените извештаи за енергетска контрола детално се наведени сите карактеристики на зградите на овие институции, нивните недостатоци и предности, што е она што треба да се направи за да се подобри нивната енергетска состојба и конечно секој објект е класифициран согласносно неговите енергетски карактеристики, односно има добиено т.н. „енергетски пасош“, потенцираат од Општина Охрид.

Н.С.Ј.











