Општина Охрид како учесник во проектот „ Градот, Јазикот и Културата“, денес, беше домаќин на делегација од училиштето „Билкент“ од Анкара- Турција. На средбата се разговараше за досегашните соработки , идното продлабочување на меѓусебните односи, а стана збор и за продолжување на проектот .
Турската делегација на денешната средба имаше можност да го промовира и првиот дел од донацијата наменета за училиштето „Братство и единство“, што се одвива во неколку фази. Во првата ќе бидат донирани средства за опремување на училница за најмладите.
Претставниците на Општина Охрид дадоа целосна поддршка на проектот и изразија надеж за понатамошна соработка во делот на образованието.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com