Завршија предвидените активности за комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.
Нови подни облоги од пвц материјал се поставени во сите училници, кабинети и канцелариски простории, со вкупна површина од околу 1000 м2. Оваа инвестиција беше дел од Програмата за образование на Општина Охрид за 2020 година и за нејзина реализација од општинскиот буџет беа издвоени 1,3 милиони денари.
Со цел да се овозможи поголема функционалност на он-лајн часовите за учениците од ова средно училиште, деновиве беа набавени 20 нови десктоп компјутери. Набавката на компјутерската опрема исто така е овозможена од буџетот на Oпштина Охрид со 400.000 денари. – информира локалната самоуправа.















