
Според информациите од тамошните медиуми, неколку громови удриле околу стадионот, а еден од нив завршил и на самиот терен, по што покрај тројцата загинати, речиси сите кои биле на теренот завршиле со полесни повреди.
Оваа година во Камбоџа има загинато 40 – мина од удар на гром, а најголемиот дел од нив починале за време на фудбалски натпревар, како гледачи или актери на теренот.










