Тројца фудбалери од Камбоџа го загубиле животот, откако стадионот на кој се играл натпревар од домашното првенство бил погоден од гром.

Според информациите од тамошните медиуми, неколку громови удриле околу стадионот, а еден од нив завршил и на самиот терен, по што покрај тројцата загинати, речиси сите кои биле на теренот завршиле со полесни повреди.

Оваа година во Камбоџа има загинато 40 – мина од удар на гром, а најголемиот дел од нив починале за време на фудбалски натпревар, како гледачи или актери на теренот.

ohridnews