Во текот на минатиот ден, лидерот на ГРОМ ја претстави ударната екипа на партијата, со која ќе се атакува на претседателските избори, планирани за пролета 2014-та година.
Во партискиот Изборен одбор се наоѓаат неколку унниверзитетски професори, лекари и јавни личности, а меѓу попознатите е и ракометната легенда на Македонија, Стевче Алушевски.
Според лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимоски, оваа пролет ќе бидат оддржани двојни избори, односно претседателски и предвремени парламентарни.
Претходно, 14 советници од Охрид, Куманово, Росоман, Кисела Вода, Пробиштип, Карпош, Кавадарци и Старо Нагоричане преминаа во редовите на оваа новофомирана партија.
OhridNews