Сообраќајна незгода се случи вечерва околу 18 часот на улицата „7 Ноември“, во близина на „крс-џамија“. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, возило во движење удрило во паркиран автомобил, по што не застанало и се оддалечило од местото на незгодата.

Во незгодата нема повредени, а е предизвикана материјална штета. На местото на настанот увид врши сообраќајната полиција.

OhridNews