Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави 11-те голови кандидати кои ќе конкурираат за најубав за минатата сезона. Во изборот учествуваат сите натпреварувања кои се под надлежност на УЕФА затоа претенденти за победник има од Лигата на Шампиони, Лигата на Европа, женски фудбал и футсал.

Во изборот главниот збор го имаат навивачите, а УЕФА на 27 август ќе го објави победникот. 2015 и 2016 година наградата ја освои Лионел Меси, а минатата година триумфираше Марио Манџкуќиќ за погодок во финалето во Лигата на Шампиони против Реал Мадрид.

OhridNews