Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави фудбалерите кои ќе конкурираат за идеалниот тим за 2015 година. На листата се наоаѓаат вкупно 40 фудбалери кои доаѓаат од цела Европа.


Најмногу кандидати има од европскиот првак Барселона вкупно осум, потоа следува Јувентус со пет фудбалери. Разочарувачки е фактот што англиските премиерлигаши сите заедно имаат пет фудбалери кандидати за место во идеалниот состав.

Сите можат да гласаат на официјалната страна на УЕфА, а трае до 6 јануари кога и ќе се обелодени најдобрит тим во Европа за 2015 година.

Кандидатите :

Голмани : Мануел Нојер (Баерн), Џиџи Буфон (Јувентус), Џо Харт (Манчестер сити), Денис Бојко (Днипро)

Одбрана : Диего Годин (Атлетико), Жерар Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Рикардо Родригез (Волфсбург), Тиаго Силва (ПСЖ), Џорџо Кјелини (Јувентус), Давид Алаба (Баерн), Хавиер Маскерано (Барселона), Леонардо Бонучи (Јувентус), Жером Боатенг (Баерн), Давид Луиз (ПСЖ), Дани Алвеш (Барселона)

Среден ред : Клаудио Маркизио (Јувентус), Артуро Видал (Баерн), Марко Верати (ПСЖ), Јехвен Конопљанка (Севилја), Џејмс Родригез (Реал Мадрид), Пол Погба (Јувентус), Хакан Чалханоглу (Леверкузен), Андрес Иниеста (Барселона), Грегож Криховјак (Севилја), Кевин Де Брајн (Манчестер Сити), Иван Ракитиќ (Барселона), Еден Азар (Челси)

Напад : Луис Суарез (Барселона), Алексис Санчез (Арсенал), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Серхио Агуеро (Манчестер Сити), Герет Бејл (Реал Мадрид), Томас Милер (Баерн), Лионел Меси (Барселона), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), Роберт Левандовски (Баерн), Нејмар (Барселона), Антоан Гризман (Атлетико), Алваро Мората (Јувентус).

Ohridnews