Украинскиот Шахјтор, италијанскиот тим Сасуоло, Макаби Тел Авив од Израел, Карабах (Азербејџан), белгиски Гент и Спарта Прага од Чешка се потенцијални противници на Шкендија во четвртата квалификациска рунда за пласман Лигата на Европа.


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) пред ждребката во Лигата на Европа ги одредува екипите по коефициент и ги сместува во одредени групи, а тетовските „црвено црни“ ги добија шесте потенцијални противници.

Шкендија, е наш единствен македонски преставник во европските натпреварувања, а ждребката за последните бараж мечеви е закажана во 13 часот.

OhridNews