Европската фудбалска унија (УЕФА) го избра најдобриот тим за 2014 година, а интересно дека во идеалниот тим најмногу играчи има од минхенски Баерн. За идеалниот тим на официјалната интернет страница на УЕФА гласале преку 8 милиони посетители.
Очекувано свое место во идеалниот тим имаат и тројцата кандидати за добивање на наградата која ја одделува ФИФА и Франс фудбал – „Златна топка“.
УЕФА: Идеалниот тим за 2014, формација 4-3-3
Голман: Мануел Нојер (Баерн)
Одбрана: Филип Лам (Баерн), Серхио Рамос (Реал), Диего Годин (Атлетико), Давид Алаба (Баерн)
Среден ред: Тони Крос (Реал), Анхел ди Марија (Ман. Јунајтед), Аријен Робен (Баерн)
Напад: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ).
„Макфакс“