Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе биде казнет со еден натпревар во Лигата на Шампионите по црвениот картон на натпреварот со Валенсија.

Феликс Брих сметал дека однесувањето на Кристијано е за исклучување, а тоа предизвика контроверзни изјави, откако се шпекулираше дека може да пропушти дури три натпревари.
Сепак, УЕФА не беше на такво мислење и еден од најдобрите светски фудбалери ќе го пропушти само гостувањето кај Јанг Бојс на 2 октомври во Швајцарија.
Тоа исто така значи дека тој ќе биде во тимот за двата натпревара со својот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед.
OhridNews











