Искусниот арбитар од Словенија, Дамир Скомина ќе го суди првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони помеѓу Ајакс и Реал Мадрид кој ќе се одигра в среда во 21 часот на стадионот „Јохан Кројф“.

Скомина го зазеде местото на полскиот судија Симон Марчинак кој првично беше одбран да го суди натпреварот во Холандија. Полјакот ќе управува со ВАР технологијата која ќе дебитира на мечеви од Лигата на Шампиони.

УЕФА воопшто не практикува менување на судии, но се уште од матичната куќа на европскиот фудбал не се огласија зошто се одлучија на ваков потег.

Што се однесува до другите натпревари Манчестер Јунајтед – Пари Сент Жермен ќе го суди Италијанецот Даниеле Орсато, Холанѓанецот Дени Мекелие ќе биде главен арбитар на Олимпико на мечот Рома – Порто, а Шпанецот Антонио Метеу Лахоз ќе го води дуелот во Лондон Тотенхем – Борусија Дортмунд.

OhridNews