Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го скрати списокот на 40 фудбалери во изборот за тимот на сезоната во коj можат да учествуваат сите љубителите на фудбалот.


Од новиот список изненадувачки отпадна Џејми Варди кој минатата сезона со 24 погодоци беше најефикасен во англиската Премиер лига.

Секој вљубеник во „бубамарата“ со зачленување на интернет страната на УЕФА може да си креира тим, со што и гласа за во изборот за најдобрите.

Списокот:

Голмани: Руи Патрисио, Кејлор Навас, Јан Облак, Џајнлујџи Буфон

Одбрана: Жерард Пике, Џошуа Кимих, Тоби Алдервирлд, Серхио Рамос, Рафаел Гереро, Леонардо Бонучи, Лоран Кошчиелни, Диего Годин, Пепе, Хуанфран, Дани Карвахал, Жером Боатенг.

Среден ред: Димитри Пајет, Јаник Караско, Пол Погба, Ријад Марез, Кевен де Брујне, Џо Ален, Лука Модриќ, Арон Ремси, Тони Крос, Андрес Иниеста, Н`голо Канте, Жегож Крижовијак.

Напаѓачи: Лионел Меси, Луис Суарез, Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски, Златан Ибрахимовиќ, Гонзало Игуаин, Ентоан Гризман, Пјер-Емерик Аубамејанг, Нејмар, Герет Бејл, Алексис Санчез, Серхио Агуеро.

Тимот на сезоната можете да го креирате на линкот тука, кој ќе ве одведе на страницата од УЕФА.

OhridNews