Фудбалерите  на Црвена ѕвезда ќе ја имаат поддршката од навивачите на средбата со ЦСКА Москва во Белград на дуелот од 1/16 финалето во Лигата на Европа. УЕФА ја прифати жалбата на „црвено белите“ и ја симна забраната за навивачи и други симпатизери на стадионот.

Аргументите на „црвено-белите“ пред Апелациониот суд на УЕФА беа прифатени, откако биле продадени 28.000 билети за натпреварот со ЦСКА, а првичната одлука за суспензија била преиначена во условна на две години, а парична казна од 50.000 евра е сведена на 30.000.

Црвена Ѕвезда претходно беше казнета со суспензија на стадионот поради банер и поддршката од навивачите за Ратко Младиќ во Борисов на дуелот со БАТЕ во групната фаза на Лига Европа.

Првиот натпревар од 1/16 финалето во ЛЕ меѓу Црвената ѕвезда и ЦСКА се игра на 13 февруари во Белград.

OhridNews